недела, 22. јули 2018. Вести денес: 57
home Кошарка

Во Скопје меморијален млaдински кошаркарски турнир „FICBALL 2018“

Под мотото „BE THE BEST YOU CAN BE“, на турнирот ќе се натпреваруваат и другаруваат младинските кошаркарски екипи на Барселона, Фенербахче, Бугарска Национална репрезентација, Партизан Белград, Кајолу и КК Партизан Водно Санс.
Во Скопје меморијален млaдински кошаркарски турнир „FICBALL 2018“

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, викендов во организација на КК Партизан Водно Санс и семејството Сотирови, ќе се одржи меморијален, млaдински кошаркарски турнир „Фицбол 2018“.

Турнирот се одржува по прв пат и е во чест и сеќавање на прерано починатиот, млад кошаркар Филип Сотиров – Фиц (1999-2014).

Под мотото „BE THE BEST YOU CAN BE“, на турнирот ќе се натпреваруваат и другаруваат младинските кошаркарски екипи на Барселона, Фенербахче, Бугарска Национална репрезентација, Партизан Белград, Кајолу и КК Партизан Водно Санс.

На турнирот FICBALL, 80 млади кошаркари од Европа, ќе имаат можност да одиграат вкупно 13 натпревари, да создадат нови пријателства, да се инспирираат меѓусебно и заедно да го зајакнат тимскиот дух на секоја екипа.

Публиката ќе има можност да проследи  и атрактивни  натпревари во забивање, шут за три поени, ќе се бира највреден играч, најдобри стрелци на секој натпревар како и најдобар стрелец на целиот турнир. Тренерите на тимовите, по завршувањето на сите натпреварите, ќе ја одберат најдобрата петорка на турнирот.

Турнирот ќе има и хуманитарен карактер, кој ќе се манифестира преку донирање на средства и реквизити во домот за деца без родители „11ти Октомври“, од страна  на сите екипи учесници во турнирот.

Влезот за натпреварите на турнирот е отворен за сите посетители и истиот е целосно бесплатен