четврток, 20. септември 2018. Вести денес: 116
home Кошарка

Винс Картер потпиша со Атланта хокс за 21-та сезона во НБА

Винс Картер потпиша со Атланта хокс за 21-та сезона во НБА

Винс Картер е нов играч на Атланта хокс, откако 41-годишниот кошаркар потпиша едногодишен договор со клубот.

За него ова 21-та сезона во НБА, а претходно настапуваше за Торонто рапторс, Њу Џерси нетс, Орландо меџик, Феникс санс, Далас маверикс, Мемфис гризлис и Сакраменто кингс.

Во текот на неговата долга кариера во просек остваруваше по 18 поени, 4,5 скока и 3,3 асистенции.

Картер беше најдобар дебитант во НБА во 1999 година, додека осумпати учествуваше на Ол-стар натпреварите. Во 2000 година со репрезентацијата на САД го освои златото на Олимписките игри во Сиднеј.