четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 179
home Кошарка

Вилербан доби лиценца за настап во Евролигата

Вилербан доби лиценца за настап во Евролигата

Францускиот клуб Асвел Вилербан ќе игра во Евролига во сезоната 2019/20. Клубот доби двегодишна лиценца, објавено е на сајтот на најсилното клупско кошаркарско континентално натпреварување.

Раководството на Евролигата пред да ја донесе одлуката за издавање дозвола за Вилрбан, беше уверено дека францускиот клуб ги задоволува потребните барања за настап во елитата која ќе се прошири од 16 на 18 екипи.

Решението Асвел Вилербан да се приклучи на евролигашите е донесено во Тел Авив на денешниот состанок на Извршниот одбор на ЕЦА акционерите на Евролигата.

Претседателот на Евролигата, Жорди Бертомеу, на состанокот во Тел Авив, соопшти дека легендата израелската кошарка Шимон Михрази е прогласен за легенда на Евролигата што е највисоко признание за учесниците во лигата.

МИА

Локални избори 2021