вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Кошарка

ВИДЕО: Томпсон нов НБА рекордер во тројки

ВИДЕО: Томпсон нов НБА рекордер во тројки

Кошаркарот на Голден Стејт, Клеј Томпсон имаше 14 прецизни шута за три поени на дуелот со Чикаго одигран ноќеска на теренот на ривалот со што го сруши досегашниот рекорд поставен од неговиот клупски колега Стеф Кари.

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт победи со 149:124, а Томпсон натпреварот го заврши со 52 поени.

Досегашниот рекорд по број на постигнати тројки на еден НБА натпревар изнесуваше 13. Ова достигнување Кари го имаше пред две години.