сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 97
home Кошарка

ВИДЕО: Словенечкиот магионичар сам го победи Хјустон

ВИДЕО: Словенечкиот магионичар сам го победи Хјустон

Кошаркарите на Далас Маверикс излегоа како победници во големото тексашко дерби против Хјустон рокитс (107-104), во меч во кој јунак на вечерта беше словенечкото „чудо од дете“, Лука Дончиќ, кој го реши натпреварот постигнувајќи 11 поени во низа во клучните моменти.

„Ракетите“ на само три минути до крајот имаа плус осум (102-94), но потоа на сцена Стапи 19-годишниот Словенец, кој буквално „експлодира“ и покажувајќи го сиот раскошен талент и буквално сам го сврте резултатот и донесе триумф на својата екипа. Хјустон на крајот имаше напад и шут за изедначување, а со тоа и за продолжение, но Гордон промаши. Дончиќ и Метјуз беа најефикасни кај „телињата“ со по 21 поен, додека кај противникот Џејмс Харден постигна 35, а Крис Пол реализира 23 поени.

 

 

Коронавирус