четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

ВИДЕО: Шампионската прослава на Торонто „откажана“, НБА финалето се враќа во Оукланд!

ВИДЕО: Шампионската прослава на Торонто „откажана“, НБА финалето се враќа во Оукланд!

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс одиграа нов неверојатен натпревар оваа сезона и заслужено се вратија во живот во големото финале на НБАлигата, откако на гости со минимални 105-106 славеа над тимот на Торонто Репторс.

Така историското шампионско славје на тимот од Канада е откажано, а лудата финална серија се враќа во Оукланд, каде ќе се одигра шестиот дуел, а ако има потреба седмиот натпревар ќе се одигра во Торонто.

За разлика од претходните два натпревари во Торонто. во кои доминираа домаќините, синоќа гледавме израмнета кошарка. Двете екипи имаа свои периоди и го имаа водството, но на крај искуството пресуди откако со две тројки во самиот финиш Вориорси од минус три стигнаа до плус три и заслужено намалија во финалната серија на 3-2.

Лидер кај шампионот беше Стеф Кари со 31 поен, осум скока и седум асистенции, а солиден беше и Клеј Томпсон со 26 поени. Кавај Ленард со 26 поени и 12 скока беше најпрецизен кај Торонто, додека Кајл Лаури постигна 18, а Марк Гасол 17 поени.

 

Вреди да се напомене дека на овој меч по подолга пауза на теренот се врати Кевин Дурант, но на истиот издржа само 11 минути, откако повторно се пожали на повреда и најверојатно финалето за него е завршено.

Шестиот натпревар од финалната серија се игра во ноќта меѓу четврток и петок во 3:00 часот наутро, во „Оракл Арена“.

Извор: gol.mk