петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 156
home Кошарка

ВИДЕО: Нова магија на Лука Дончиќ

ВИДЕО: Нова магија на Лука Дончиќ

Лука Дончиќ имаше нова магична вечер во дресот на Далас Маверикс. На гостувањето кај Кливленд Кавалирс, словенечкиот плејмејкер запиша нов „трипл-дабл“ учинок.

Тоа не е ретка појава за него откако пристигна во НБА лигата, а исто така не чудат неговите неверојатни асистенции и визија за игра. Од неговите феноменални вештини придобивки имаат соиграчите, кои често се чудат како топката стигнала во нивните раце.

Така беше и вчера, кога Кристапс Порзингис доби шанса да шутира без противнички кошаркар на себе, најмногу благодарение на Дончиќ и неговиот талент.