Лос Анџелес Лејкерс и Хјустон рокетс направија вистинско шоу во „Стејплс центарот“, па навивачите можеа да гледаат атрактивна кошарка, но и малку бокс.
Гостите од Тексас славеа со 124-115 и му го нанесоа вториот пораз на тимот од Лос Анџелес на вториот натпревар сезоната. Сепак, дуелот го одбележа тепачката помеѓу Ражон Рондо и Крис Пол, во која се вмеша и Брендон Играм. Сите тројца кошаркари заработија исклучувачки технички грешки.
Маестрална вечер имаше Србинот Никола Јокиќ кој со нов „трипл-дабл“ (35 поени, 12 скока и 11 асистенции) го предводеше Денвер до победа против Феникс од 119-91. Воедно Јокиќ е само вториот кошаркар по Вилт Чемберлејн кој постигнал 30+ поени, а не промашил од игра.
Во најефикасниот меч на вечерта Далас Маверикс ја совлада Минесота со 140-136, а извонредно издание имаше Лука Дончиќ. Словенецот на крајот мечот го заврши со 26 поени и беше еден од најзаслужните за првата победа на Далас.
Во останатите натпреваро Филаделфија славеше минимална победа протов Орландо (116-115), Бостон на гости го совлада Њујорк (101-103), Бруклин славеше против Сан Антонио (112-108), а Детроит на гостински терен го победи Чикаго (116-118).