вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Кошарка

ВИДЕО: Милсап погоди со звукот на сирената за триумф на Денвер над Чикаго

ВИДЕО: Милсап погоди со звукот на сирената за триумф на Денвер над Чикаго

Екипата на Денвер Нагетс го победи Чикаго Булс со 108:107 на натпреварот одигран ноќеска во „Јунајтед Центар“. Победничкиот кош за гостите го постигна Пол Милсап по офанзивен скок во последните моменти од мечот.

По продолжени ноќеска беше одлучен уште еден натпревар на кој Бруклин го победи Детроит со 120:119.

Резултати на другите НБА средби ноќта меѓу среда и четврток:

Минесота – Јута 128:125 Њујорк – Индијана 101:107 Голден Стејт –  Њу Орлеанс  131:121 ЛА Лејкерс – Далас 114:113 Феникс – Сан Антонио 90:120.

Голден Стејт со 8-1 (победи-порази) и Денвер со 6-1 се на првите две места на Западот, додека во Источната конференција Милвоки има 7-0, Торонто 7-1.