среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Кошарка

ВИДЕО: Лејкерси шампиони по 17-ти пат, Леброн Џејмс по четврти пат во кариерата МВП

ВИДЕО: Лејкерси шампиони по 17-ти пат, Леброн Џејмс по четврти пат во кариерата МВП

ЛА Лејкерс се шампиони во НБА лигата, стигнаа до 17. трофеј во клупската историја и го израмнија рекордот на Бостон.

Во финалната серија Лејкерси беа подобри од Мајами со 4-2 во победи, до титулата стигнаа со победата 106-93.

Леброн Џејмс го освои четвртиот шампионски трофеј и беше избран за МВП на финалето, сега е втор на вечната листа според бројот на МВП титулите, пред него е само Мајкл Џордан со шест.

На решавачкиот натревар, Леброн запиша 28 поени, додека Ентони Дејвис средбата ја заврши со 19 поени. Во поразената екипа се истакна Бам Адебајо со 25 поени.

Извор: Дриблинг.мк

Коронавирус