сабота, 6. март 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

ВИДЕО: Лапсус на Шекил, му рече „Спасиба“ на Јокиќ

ВИДЕО: Лапсус на Шекил, му рече „Спасиба“ на Јокиќ

Денвер нагетс влезе во победнички ритам во НБА лигата и тоиа благодарение на одличниот Никола Јокиќ кој во победата над Голден стејт вориорс оствари уште еден трипл-дабл кој е петти во сезоната.

Изгледа неверојатно, но центарот на Денвер моментно е прв асистент во лигата заедно со Џејмс Харден, и двајцата имаат просечно 10.4 асистенции по натпревар, и одличната игра на Јокиќ беше причина тој да биде вклучен во емисијата „Inside NBA“ во која водители се Шекил О’Нил, Чарлс Баркли, Кени Смит и Ерни Џонсон, а легендарниот центар го украде шоуто.
Шекил заборави дека Јокиќ е од Србија, а не од Русија и му се обрати со зборовите „Спасиба“, по што веднаш реагираше центарот на Денвер.
„Не, јас не сум Русин, јас сум од Србија. Ти добро го знаеш тоа“, му рече Јокиќ.
Шекил потоа се извини за лапсусот.

– Доста често ја имам топката на врвот на рекетот, од таму можам да додавам доколку имаме добар блок и доста простор, а можам и да делам бекдор додавања и можам да шутнам. Никогаш во натпеварот не влегувам со однапред подготвено сценарио туку го земам тоа што ситуацијата ми го пружа на теренот – додаде Јокиќ.

Коронавирус