понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 63
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

ВИДЕО: Кошаркарот на НБА во очај, мајка му е позитивна на коронавирус и во тешка состојба

ВИДЕО: Кошаркарот на НБА во очај, мајка му е позитивна на коронавирус и во тешка состојба

Кошаркарот на Минесота, Карл Ентони Таунс објави дека неговата мајка Жалкин Круз е во вештачка кома откако било потврдено дека е позитивна на коронавирусот.

Лошите вести, кошаркарот ги сподели во шестминутно обраќање каде вели дека неговите мајка и татко имале здравствени проблеми по што на инсистирање негово и на неговата сестра побарале лекарска помош.

-Беше се полошо и полошо, состојбата не се подобруваше. Температурата и се намалуваше, па повторно растеше. Состојбата се влошуваше од ден на ден. Мојата мајка, најсилната жена која ја познавам. Ќе го победи таа ова, објаснува Таунс.

Таткото на кошаркарот по тестовите е пуштен во домашна изолација, а мајката е хоспитализирана поради тешка состојба.

Коронавирус