сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Кошарка

ВИДЕО: Кливленд им се врати на победите, ДеРозен броеше до 45

ВИДЕО: Кливленд им се врати на победите, ДеРозен броеше до 45

Вицепрвакот во НБА лигата Кливленд брзо го преболе поразот оа Милвоки пред два дена со кој беше прекината успешната низа на победи.

„Кавси“ ноќеска на домашен терен, потешко од очекуваното, ја совладаа екипата на Чикаго со 115-112. Повторно Леброн Џејмс беше предводник на својот тим со 34 поени, а му недостасуваше само еден скок (9) да оствари дабл-дабл учинок.

Сепак, Кливленд останува на третата позиција во Источната конференција во која и натаму лидер е Бостон, кој ноќеска загуби на гостувањето кај Њујорк со 102-93, додека второпласираниот тим Торонто предводен од Демар ДеРозен со 45 поени ја победи Филаделфија со 114-109.

На преостанатите две средби, победи остварија домашните тимови. Феникс минимално со 97-95 го победи Мемфис, а Јута беше подобра од Сан Антонио со 100-89.