понеделник, 23. мај 2022. Вести денес: 38
home Кошарка

ВИДЕО: Клиперс го направи најголемиот пресврт во НБА од 2009 година

ВИДЕО: Клиперс го направи најголемиот пресврт во НБА од 2009 година

Екипата на Лос Анџелес клиперс го направи најголемиот резултатски пресврт во НБА во последните 12 години. Клиперс ноќеска го победија Вашингтон со 116:115, иако во втората четвртина заостануваа 35 поени.

На 20 секунди до крајот Вашингтон визардс водеше со седум разлика (114:107), но и тоа не беше доволно за успех. Победата на Клиперс ја донесе Лук Кенард, кој погоди тројка под фаул на 1,9 секунди до крајот на четвртата четвртина, по што го реализира и дополнителното слободно фрлање.

Претходниот сличен камбек во НБА-лигата се случи пред 12 години на 21 декември 2009 година. Тогаш Сакраменто го победи Чикаго (102:98), надоместувајќи негатива од 35 поени на средбата.

Коронавирус