сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Кошарка

ВИДЕО: Харден го уништи „својот“ Хјустон

ВИДЕО: Харден го уништи „својот“ Хјустон

Џејмс Харден продолжи да ги тероризира екипите од Западната конференција и овој пат на „менито“ му беше негоиот поранешен тим, Хјустон рокетс. Бруклин славеше со 132:114, а Харден кој во Хјустон го носеше дресот со бројот 13. на својот поранешен тим му го нанесе токму 13. пораз по ред остварувајќи трипл-дабл од 29 поени, 14 асистенции и 10 скокови. Ова воедно беше седма победа по ред на Бруклин на гостувањата, што е клупски рекорд. Кај Хјустон кој на овој натпревар имаше само осум играчи на располагање, Џон Вол постигна 36 поени.

Актуелниот шампион ЛА Лејкерс доживеа пораз од Сакраменто со 123:120, но ова не претставува изненадување бидејќи „езерцата“ настапија без двете најголеми ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Јунак на кралевите беше Харисон Барнс кој ги постигна последните четири поени за својот тим и натпреварот го заврши со 20 поени. Бади Хилд постигна 29 поени, а Деарон Фокс 23 поени, додека кај Лејкерси, Денис Шрудер уфрли 28 поени, а Монтрез Харел даде 26 поени.

Далас и Оклахома го одиграа најсиромашниот со поени натпревар на кој славеше домашниот тим со 87:78. Во отсуство на Лука Дончиќ кој не играше поради болки во грбот, Хардавеј и Порзингис постигнаа по 19 поени.

Дуелот на најдобрите шутери во НБА лигата му припадна на Стеф Кари, но неговиот тим загуби од Портланд со 108:106. Демиен Лилард во последната минута од натпреварот, прво од слинијата за слободни фрлања го донесе Портланд на минус еден (105:106), за на 14. секунди до крајот да постигне тројка за триумф на неговиот тим.

Лилард и Кармело Ентони постигнаа по 22 поени за Портланд, додека кај „воините“ Стеф Кари даде 35 поени.

Резултати:
Кливленд – Индијана 111:114
Филаделфија – Јута 131:123
Торонто – Детроит 105:129
Хјустон – Бруклин 114:132
Минесота – Шарлот 102:135
Њу Орлеанс – Чикаго 124:128
Орландо – Атланта 112:115
Далас – Оклахома 87:78
Портланд – Голден Стејт 108:106
Сакраменто – ЛА Лејкерс 123:120

Коронавирус