четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 111
home Кошарка

ВИДЕО: Халелука: Песна за „спасителот“ Лука Дончиќ

ВИДЕО: Халелука: Песна за „спасителот“ Лука Дончиќ

Често зборуваме дека НБА е најдобрата спортска лига во светот, но тоа не треба да ве изненадува доколку внимателно ги следите случувањата во неа. Дури и кога нема возбудливи натпревари, НБА лигата знае да понуди интересна содржина.

Порталот The Ringer и понатаму останува најголемата поддршка за Лука Дончиќ на американско тло а овојпат тамошните вработени решија да му покажат на младиот Словенец колку високо мислење имаат за него преку песна.

Пред да се одржи овогодинешниот драфт постоеја огромен број скептици кои сметаа дека Лука Дончиќ не е дораснат за игра во НБА лигата, но откако почна сезоната тој ги замолкнува сите критичари и во моментов е лидер во трката за наградата Новајлија на годината.

Токму од таа причина, редакцијата на The Ringer реши да му ја посвети песната „Halleluka“ – римејк на популарната балада „Hallelujah“, која оригинално беше отпеана од Леонард Коен.

Во видеото објавено на официјалниот YouTube канал на The Ringer, Лука беше опишан како „спасител на тимот на Далас Маверикс“.

Воопшто не е чудно што редакцијата на The Ringer го опишува Дончиќ како „спасител“, бидејќи тој уште сега изгледа како лидер на овој млад и надежен тим. Маверикс и понатаму се во фаза на транзиција на тимот во плејоф состав, но присуството на Лука Дончиќ во него ветува дека клубот од Тексас има сјајна иднина пред себе.

Коронавирус