среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

(ВИДЕО) Детална реконструкција на кобниот лет во кој загина Коби Брајант

(ВИДЕО) Детална реконструкција на кобниот лет во кој загина Коби Брајант

Според најновите извештаи на американскиот Државен одбор за безбедност при транспорт, падот на хеликотерот во кој што загина кошаркарската легенда Коби Брајант не е предизвикан поради откажување на моторот.

Брајант, неговата ќерка Џиана и останатите патници загинаа на 26. јануари во Калифорнија кога хеликоптерот поради лошите временски услови се урна во ридот.

Сведок на несреќата за Националниот одбор за безбедност при транспорт изјави дека хеликоптерот неколку секунди пред ударот летал напред и надолу. Истрагата е во тек.

Во меѓувреме, каналот кој се занимава со реконструкции на авионски несреќи, објави видео во кое е прикажан летот на хеликоптерот.

Станува збор за симулација базирана на изјави на очевидци и полициски извештаи, но сепак е неофицијална реконструкција.