Претсезонските натпревари во НБА-лига започнаа, а Сакраменто Кингс и Индијана одиграа неверојатен натпревар, кој беше решен по продолжение, Пејсерси славеа со 132-131.
Во центарот на вниманието беше најдобриот стрелец од Светското првенство, Богдан Богдановиќ. Српскиот репрезентативец го имаше потегот на мечот, „продаде“ стара финта, маестрална асистенција зад грб и ја потврди одличната форма во која игра. Оваа сезона Богдановиќ и Сакраменто се сметаат за сериозни кандидати за плејофот во кој немаат играно од сезоната 2003/04.
Извор: drigling.mk
rollin’ with the Holmies pic.twitter.com/z8ZwkTu1Q8
— Sacramento Kings (@SacramentoKings) October 4, 2019