Сакраменто Кингс ја запиша првата победа по рестартот на НБА сезоната, откако денес го надигра Њу Орлеанс Пеликанс (140-125).
Најдобар поединец кај „кралевите“ беше Богдан Богдановиќ кој го одигра најдобриот меч во кариерата преку океанот. Србинот покажа дека е расположен и постигна 24 од вкупно 35 поени во првиот дел. Конечниот учинок за одличниот шутер е нов личен рекорд во најсилната лига на светот.
Првата четвртина беше најава за она што ќе следува. Сакраменто постигна дури 49 поени и си го отвори патот кон првиот успех во Орландо.
Извештај од натпреварот:
Како што се ближеше крајот, предноста се зголемуваше, па тоа отвори можност Кингси да ги одморат клучните играчи. На крај победата беше изразена со двоцифрена разлика од 140-125.
Богдановиќ со 35 и Фокс со 30 поени беа најефикасни кај победничката екипа, а кај Пеликанси се истакнаа Вилијамсон и Инграм со по 24 поени.