сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 41
home Кошарка

ВИДЕО: Аргентинците ја бараа топката – Дончиќ си поигруваше со „гаучосите“ како со мали деца

ВИДЕО: Аргентинците ја бараа топката – Дончиќ си поигруваше со „гаучосите“ како со мали деца

Словенија не можеше да посака поубаво деби на Олимписките игри. Дуелот со Аргентина го доби со голема леснотија, а тоа е благодарение на одличниот Лука Дончиќ.

Еден од најдобрите кошаркари на светот уште еднаш покажа дека талентот кој го поседува нема граница. Ниту искусната аргентинска одбрана немаше одговор на неговите фантастични реакции во нападот. Најдобриот потег го направи во вториот дел, кога ги изигра противниците со феноменална асистенција зад грб до својот соиграч.

Дончиќ го заврши мечот со 48 поени, од кои дури 17 постигна во првата четвртина.

Коронавирус