вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 147
home Кошарка

Вестбрук во ЛА Лејкерс!

Вестбрук во ЛА Лејкерс!

Пред неколку дена се појавија шпекулации дека Расел Вестбрук ќе го засили поранешниот НБА-шампион, Лос Анџелес Лејкерс, а сега такво нешто најави и експертот и новинар Адријан Војнаровски и повеќе од извесно е дека дрим-тимот во Лос Анџелес ќе биде склопен.

Новинарот на „ЕСПН“ ретко грешки кога станува збор за трансфери, па доколку се остварат неговите најави, тогаш Вестбрук ќе го засили Лејкерс, а во Вашингтон ќе заминат Кајл Кузман, Монтрезл Херел, Кентавијус Калдвел-Поуп и избор во првата рунда на драфтот.

Војнаровски објави и дека Минесота го испратила Рики Рубио во Кливленд во замена за Торин Принс и вториот пик од драфтот.

Коронавирус