понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 43
home Кошарка

Важен играч на Милвоки заразен со коронавирус

Важен играч на Милвоки заразен со коронавирус

Бекот на Милвоки Бакс, Ерик Бледсо е заразен со коронавирус и не е со тимот во Орландо, каде ќе продолжи сезоната во НБА, пренесува „ЕСПН“.

Bucks at Wizards 1/15/18

– Немам никакви симптоми. Се чувствувам добро. Штом можам да ги исполнам барањата на НБА протоколите, планирам да им се придружам на моите соиграчи во Орландо, изјави Бледсо.

Во својот прв натпревар од продолжувањето на кампањата, Милвоки ќе игра со Бостон на 31 јули.

Сезоната во НБА беше запрена во средината на март, околу пет недели пред крајот на регуларната сезона, откако играчите од неколку екипи се тестираа позитивно за КОВИД-19.(МИА)

Коронавирус