среда, 4. август 2021. Вести денес: 69
home Кошарка

Василис Спанулис заминува во пензија

Василис Спанулис заминува во пензија

Грчкиот кошаркар Василис Спанулис објави дека заминува во пензија. 38-годишниот плејмејкер доби повик да заигра за Грција во квалификациите за пласман на Олимписките игри, но поради повреда се променија плановите.

Спанулис веќе им соопштил на соиграчите дека повеќе нема да игра, на разочарување на навивачите кои сакаа да го гледаат во Токио.

Спанулис кариерата ја започна во Гимнастикос Лариса, а преку Маруси пристигна во Панатинаикос. Потоа имаше кратка авантура во НБА лигата во дресот на Хјустон, па се врати во Грција. Од 2010 година настапуваше во дресот на Олимпијакос. Тој успеа трипати да биде шампион на Евролигата, а во 2013 беше и МВП на натпреварувањето.

Коронавирус