петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 142
home Кошарка

Ужасна судбина: На роденденот на Лазар Лечиќ загина неговиот најголем кошаркарски син!

Ужасна судбина: На роденденот на Лазар Лечиќ загина неговиот најголем кошаркарски син!

Ако Лазар Лечиќ е најмалку да се каже дека е татко на македонската кошарка, тогаш Благоја Георгиевски-Буштур, кој ноќеска трагично загина во сообраќајна несреќа, дефинитивно е неговиот најголем кошаркарски син.

Двајцата минаа многу децении работејќи заедно во обидот прво да ја издигнат југословенската, а потоа и македонската кошарка, а сега судбината се поигра да имаат уште една поврзаност. Имено, Лечиќ денеска го прославува 81. роденден, кој наместо со радост и веселба, сепак, ќе мине со плач и солзи поради фактот што на истиот ден остана без својот кошаркарски наследник, човекот кого го тренираше од најмали години и со кого работеше не само во Работнички туку и во југословенските репрезентации.

Токму Буштур беше еден од иницијаторите на големата академија која лани беше организирана по повод 80. роденден на популарниот Грк, но, за жал, тоа беше последната роденденска прослава на која присуствуваше на својот кошаркарски татко.

извор: sport1.mk

Коронавирус