четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Кошарка

Урнебес: Црн Дрим го „украде“ Американецот на Вардар, па се менуваа кај Соборниот Храм (ВИДЕО)

Урнебес: Црн Дрим го „украде“ Американецот на Вардар, па се менуваа кај Соборниот Храм (ВИДЕО)

Ретко видена ситуацијата. Денеска и Вардар и Црн Дрим на скопскиот аеродром ги чекаа своите засилувања, станува збор за кошаркари кои доаѓаат од САД.

Прв пристигнал Американецот на Вардар, Дикембе Диксон, но го пречекале стружани, мислејќи дека е нивниот член.

Дошло до недоразбирање, па наместо да заминат со вистинскиот кошаркар, тие тргнале на пат кон Струга со засилувањето на Вардар. На голема среќа од таборот на „црвено-црните“ брзо реагирале, на аеродром го собрале новиот член на Волтер Мекбрајт и се договориле со стружани да направат замена кај Соборниот Храм.

Диксон има 24 години и игра на крилната позиција, бил дел од Универзитетот Илиноис, последно настапувал во бразилскиот шампионат.

Што се однесува до Мекбрајт, игра на бековската позиција и исто има 24 години. Бил дел од Универзитетот Ксавиер.

Вардар и Црна Дрим во новата сезона забележаа по една победа, скопскиот клуб се наоѓа на деветото место со скор од една победа и пет порази, додека стружани се позиција погоре, имаат и меч повеќе. Во продолжение на Првата лига, целта е јасна, да се подобри сликата.

Извор: Спортмедиа.мк

Коронавирус