понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 132
home Кошарка

Училиштето го повлече дресот со број два во чест на ќерката на Коби (ВИДЕО)

Училиштето го повлече дресот со број два во чест на ќерката на Коби (ВИДЕО)

Речиси две недели поминаа од трагичната несреќа на Коби Брајант, неговата ќерка и уште седум патници, но болката на сопругата Ванеса уште не минува.

Ванеса од време на време објавува фотографии на Инстаграм и ја споделува својата тага со фановите на прославениот кошаркар.

Од Џиана се збогуваа другарите од училиште, а Ванеса откри дека Хербур Деј училиштето го повлекло од употреба дресот со број два во нејзина чест.

„Моја Џиана, колку ми недостигаш. Бев среќна додека можев да го гледам твоето прекрасно лице секое утро овие 13 години. Сакав тоа да трае до крајот на мојот живот. Те сака мама“, порача Ванеса.

Коронавирус