петок, 7. мај 2021. Вести денес: 165
home Кошарка

Три натпревари во кошаркарскиот шампионат за конечен изглед на табелата

Три натпревари во кошаркарскиот шампионат за конечен изглед на табелата

Преостанаа уште три натпревари од заостанатата програма во машкиот кошаркарски шампионат  и уште неколку дилеми за распоредот на местата на осумте екипи кои ќе играат во разигрувањето.

Комплетната табела и места ќе бидат познати по одигрувањето на последните три заостанати натпоревари:

МЗТ Скопје Аеродром – Куманово (среда 18.00)
Гостивар – ТФТ Скопје (четврток 17:00)
Пелистер – Работнички (четврток 18:00)

Дуелот во Битола е диретна битка за првото место и многу веројатно победникот ќе тргне од најдобрата позиција во плеј-офот.

Исклучок може да биде само победа на Куманово против „металците“ ден порано. Во таков случај на Работнички во „Боро Чурлевски“ ќе му треба победа од најмалку 24 разлика.

Дуелот меѓу Гостивар и ТФТ е директен дуел за петтото место.

Коронавирус