понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 8
home Кошарка

Трет Американец во Работнички, Двејн Бенџамин се врати во мак-кошарката

Трет Американец во Работнички, Двејн Бенџамин се врати во мак-кошарката

Долго време пасивниот Работнички конечно доведе големо засилување за новата сезона во кошаркарскиот шампионат на Македонија. Минатиот месец во „Градски парк“ пристигнаа Крис Кокли и Лесколт, а најтрофејниот македонски клуб денес го потврди трансферот на Двејн Бенџамин.

Човекот кој со Блокотехна од Гевгелија беше МВП на БИБЛ лигата, се враќа во Македонија од Пардубице од Чешка. Работнички се екипира и со тројцата американски кошаркари се надева дека ќе биде конкурентен во борбата за македонските трофеи.

Екипата од „Градски парк“ веќе е во тренажен процес и го воигрува тимот за шампионатот кој почнува во октомври годинава. Титулата од минатата сезона ја брани МЗТ Скопје.