вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Кошарка

Тренерот на Феникс влезе во соблекувалната на Милвоки и покажа голема класа по болниот пораз (Видео)

Тренерот на Феникс влезе во соблекувалната на Милвоки и покажа голема класа по болниот пораз (Видео)

Монти Вилијамс беше на работ од солзи откако неговиот Феникс испушти предност од 2:0 во големото НБА финале, кое на крајот заврши со победа на Милвоки со серијата од 4:0 на „елените“.

Тренерот на „сонцата“ сосема очекувано го доживеа со големо разочарување поразот во шестиот натпревар, кој значеше и крај за надежите дека тој ќе може да му ја донесе толку посакуваната титула на Феникс.

По пауза од 50 години, Милвоки стигна до својата прва титула во НБА лигата, а Монти Вилијамс покажа голема класа и иако беше максимално потиштен, влегол во соблекувалната на противниците и искрено им честитал за успехот.

Во продолжение, тренерот на Феникс жестоко застана во одбрана на Крис Пол, големата ѕвезда на Феникс која и натаму останува без шампионски прстен.

– Мене ми е навистина смешно кога за такви момци како Крис Пол се зборува на таков начин. Има нестварна кариера, а го казнуваат поради тоа што не освоил титула. Моја цел беше да освоиме прстен за него и Девин Букер, они не носеа цела година, но за жал не успеавме.

– Вторпат во кариерата го тренирам Крис Пол. Знам колку вложува и колку е посветен, па затоа кога слушам лоши ставови за него, не ми е сеедно. Смешно е тоа што го оцрнуваат поради тоа што не освоил титула. Тој е еден од најголемите, со титула и без титула, – порача Монти Вилијамс.

Коронавирус