среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 180
home Кошарка

Трамп на Твитер за смртта на Брајант: Ужас

Трамп на Твитер за смртта на Брајант: Ужас

Веста за смртта на Коби Брајант ја потресе планетата. Водечките светски медиуми го држат трагичниот настан на врвот на своите насловни страници со натпис „breaking news“ и „live update“ и постојано го освежуваат со информации за детали од САД.

Социјалните мрежи се веќе преплавени со емоции за еден од најголемите личности во поновата историја на кошаркарскиот спорт. Во изразувањето на сочувства, покрај колеги на Брајант, се придружија и политичарите кои со неверување ја примија веста за хеликоптерската несреќа во Калифорнија. Меѓу нив и претседателот на САД, Доналд Трамп.

„Медиумите известуват за смрт на големиот кошаркар Коби Брајант и уште три други лица во хеликоптерска несреќа во Калифорнија. Ужасна вест“, напиша Трамп на Твитер.

Коронавирус