петок, 15. ноември 2019. Вести денес: 87
home Кошарка

ТРАГЕДИЈА ДОДЕКА Е ДАЛЕКУ ОД ДОМА- српски репрезентативец доби тажна вест додека игра на мундијалот (ФОТО)

ТРАГЕДИЈА ДОДЕКА Е ДАЛЕКУ ОД ДОМА- српски репрезентативец доби тажна вест додека игра на мундијалот (ФОТО)

Репрезентацијата на Србија загуби од Шпанија вчера, но и покрај тоа е еден од главните фаворити за висок пласман.

Српските кошаркари веќе некое време се во Кина, а утринава еден од најдобрите кошаркари Василије Мичиќ доби тажна вест.

Одличниот кошаркар на Анадолу Ефес дозна дека починала мајка му, што е навистина тежок и болен удар за него.

Ефес на Твитер ја објави тажната информација, па му дадоа поддршка на Мичиќ.

Нема дилема дека тоа тешко ќе му падне на Мичиќ, па се поставува прашањето дали ќе може психички да го издржи товарот во наредните дуели.
Веќе утре Србија игра четвртфиналет дуел со репрезентацијата на Аргентина.