вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 66
home Кошарка

Торонто и Портланд на една победа до четвртфиналето во НБА-плејофот

Торонто и Портланд на една победа до четвртфиналето во НБА-плејофот

Екипите на Торонто и на Портланд забележаа победи во четвртите натпревари од плејоф серијата во НБА-лигата е се наоѓаат на еден чекор до пласман во следната рунда.

Торонто предводен од Кавај Ленард славеше убедлив триумф на гостувањето кај Орландо со 107:85.

Победа исто така на гостински терен оствари и Портланд против Оклахома сити со 111:98.

Моменталниот резултат е 3-1 во победи за Торонто и за Портланд во серијата прв до четири добиени средби.

Четвртфинале веќе избори Бостон во пресметката со Индијана (4:0).

Резултатот кај другите двојки е:
Милвоки – Детроит 3:0
Филаделфија – Бруклин 3:1
Голден стејт – Лос Анџелес клиперс 3:1
Хјустон – Јута 3:0
Денверс – Сан Антонио 2:2.