четврток, 15. април 2021. Вести денес: 73
home Кошарка

Торонто го растури Голден Стејт, Адетокумбо во елемент против Портланд

Торонто го растури Голден Стејт, Адетокумбо во елемент против Портланд

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо имаше фантастична партија во победата на Милвоки кај Портланд со 127-109, додека Торонто со 130-77 го прегази Голден стејт, а имаа предност и од 61 поен разлика во текот на мечот.

Адетокумбо постигна 47 поени, имаше и 12 скокови, беше убедливо најдобриот поединец во победата на Милвоки на гостувањето кај Портланд. Втор најдобар во тимот беше Холидј кој постигна 22 поени, а имаше и десет асистенции. Кај Портланд, Лилард реализираше 32 поени.
Торонто пред дуелот со Голден стејт од последните 15 мечеви имаше дури 14 поразни, но синоќа одиграа неверојатна партија. Го победнија противникот со 53 разлика, а можеше да биде и поубедливо бидејќи имаа водство и од 61 поен.
Сиакакм со 36 поени беше најдобриот во Торонто, Тренет реализираше 24, Ануноби 21, во составот на Голден стејт најдобар беше Вигингс со 15 поени.
Резултати:
Торонто – Голден стејт 130:77
Бостон – Хјустон 118:102
Њујорк – Далас 86:99
Индијана – Шарлот 97:114
Мемфис – Минесота 120:108
Њу Орлеанс – Атланта 103:126
Јута – Чикаго 113:106
Феникс – Оклахома 140:103
Портланд – Милвоки 109:127
Сакраменто – ЛА Лејкерс 94:115

Коронавирус