понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 148
home Кошарка

Тони Паркер не знае каде ќе ја продолжи кариерата

Тони Паркер не знае каде ќе ја продолжи кариерата

Кошаркарот на Сан Антонио спарс, Тони Паркер од први јули ќе биде слободен играч, но се уште не знае дали ќе остане во клубот во кој ја помина целата НБА кариера или ќе продолжи на друго место.

– Се уште не сум сигурен дали ќе останам во Сан Антонио. Отворен сум за сите можности. За Спарс играв 17 години и секогаш ќе чувствувам носталгија, но нема да биде крај на светот ако го сменам клубот, истакна 35-годишниот кошаркар.

Паркер дојде во Сан Антонио во 2001 година и досега со клубот има освоено четири шампионски титули.

Минатата година од договорот со Спарси заработи над 15 милиони долари.

МИА