среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 140
home Кошарка

Тодоров : На мака се познават јунаците

Тодоров : На мака се познават јунаците

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Тодоров од денеска ги започна подготовките за натпреварите од завршната рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Предводникот на националниот тим на стартот на располагање имаше 14 од вкупно 17 повикани играчи.

Покрај повредениот Марко Симоновски на репрезентацијата во текот на неделата ќе се приклучат Стојан Ѓуроски и Ненад Димитриевиќ.

Нашиот состав во Перм го очекува тежок распоред со оглед на фактот дека за пет дена мора да одиграме четири натпревари.

“Четири натпревари во пет дена се навистина огромен напор за било кој спортист, не само за еден кошаркар. Но тоа е што е, ФИБА така проценила, наше е да се подготвиме и да направиме не само тактика, туку и стратегија како да настапиме на овие четири средби во Перм. Го имаме речиси идентичниот состав од Талин, со тоа што ги додадовме и оние играчи кои поради позитивни Ковид-тестови не беа во можност да отпатуваат за Естонија, како и Теодор Симиќ. Овој пат ќе отпатуваме со 15 кошаркари, како би можеле да ротираме на одредени средби. Нормално доколку се наложи или доколку прецениме дека е потребен одмор за одредени играчи”, изјави Тодоров.

Кошаркарите во Скопје ќе тренираат до недела, следниот ден патуваат за Перм, а првиот натпревар го играме на 18 февруари против селекцијата на Италија.

ЕУРО 2020

Македонија