вторник, 20. април 2021. Вести денес: 0
home Кошарка

Тимот на Леброн триумфираше во Атланта, Стеф Кари победи во шутирање тројки,Јанис МВП (ВИДЕО)

Тимот на Леброн триумфираше во Атланта, Стеф Кари победи во шутирање тројки,Јанис МВП (ВИДЕО)

Големите кошаркарски имиња се собраа оваа година во Атланта каде се играше овогодинешниот меч. Интересна средба каде на крајот триумфираше тимот на Леброн Џејмс над екипата на Кевин Дурент со 170-150.

Средбата беше решена во втората четвртна каде тимот на Леброн ја доби со 19 разлика и на полувреме се отиде со 20 поени разлика.

Јанис Адетукомбо ја доби наградата МВП за најкорисен играч на мечот.Грчкиот кошаркар  постигна 35 поени и имаше шут од игра 16 од 16 .Згора на тоа имаше 7 скока и 3 асистенции.

Кај победникот ефикасна вечер имаше и Демијан Лилард кој стигна до бројката од 32 поени.Џејлен Браун реализираше 22 поени, а пак Стеф Кари 18 коша.Лука Дончиќ ,ечот го заврши со 8 поени, исто толку асистенции и три скока,додека Никола Јокиќ имаше 6 поени,7 скока и пет асистенции.

Во поразената екипа Бредли Бил постигна 26 поени,Кајри Ирвинг 24 ,Џејмс Харден 21 поени колку што постигна и Џејсон Тејтум. Никола Вучевиќ заврши со пет поени,седум скока и една асистенција.

 

 

Пред мечот се одигра натпреварот во вештини ,на кој триумфираше литванскиот кошаркар Домантас Сабонис кој беше подобар од Црногорецот Никола Вучевиќ.

Веднаш потоа се одржа натпреварот во шутирање на тројки.Според очекувањата победи бекот на Голден Стејт Вориорс Стеф Кар со 28 поени.До триумфот дојде благодарение на последниот шут со шарената топка и со неа имаше поен повеќе од одличниот Мајкл Конли кој постигна 27 поени.

На полувреме се одржа натпреварот во забивање.Првата награда ја освои руки играчот  на Портланд Анфејмиј Сајмонс кој буквално фалеше да го бакне обрачот во последниот обид.

Коронавирус