понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 59
home Кошарка

ТФТ Тафталиџе донесе нов Американец во своите редови

ТФТ Тафталиџе донесе нов Американец во своите редови

Кошаркарскиот тим на ТФТ Тафталиџе донесе нов кошаркар од САД. Се работи за 22-годишниот Брендон Бејли, кој доаѓа од Универзитетот Маркет.

Американецот кој беше пријавен на последниот НБА-драфт, но не помина, доаѓа во Скопје со просек од 7,1 поени, 5,2 скока и 3,4 асистенции по натпревар.

Кошаркарот кој е висок 203 сантиметри се очекува да биде од голема помош за ростерот на Смилковски во БИБЛ-лигата, а по потреба ќе биде регистриран и за настапи на домашната сцена.

.ТФТ во деби-сезоната во најелитната македонска кошарка по 11 одиграни кола има скор 8-3 и котира на делба на второто место на табелата, додека во БИБЛ-лигата  обезбеди втора рунда каде ќе  во втората рунда ќе игра со Галил Гилбоа и Берое.

ЕУРО 2020

Македонија