недела, 20. мај 2018. Вести денес: 22
home Кошарка

Тејтум: Не знам како ќе се справиме со Леброн

Тејтум: Не знам како ќе се справиме со Леброн

Младиот кошаркар на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум изјави дека никој не очекувал тие да стигнат до финалето на Источната конференција.

Бостон во полуфиналната серија ја совлада Филаделфија севентисиксерс со 4:1, а во финалето ќе играат против Кливленд кавалирс, кои ги предводи Леброн Џејмс.

–  Ова ми е прва година и не знам како ќе се справиме со Леброн. Сега ќе уживам во победата над Филаделфија, а кога ќе почнат тренинзите ќе размислувам за тоа, истакна 20-годишниот играч на Бостон.

Леброн Џејмс е доминатен играч во плејофот со просек од 34,3 поени, девет скокови и седум асистенции по натпревар.

–  Играме со срце, а имаме и многу талентирани играчи во тимот. Никој не очекуваше да стигнеме толку далеку, потенцира Тејтум.

Играчот на Бостон постигна 25 поени на петтиот натпревар и стана третиот играч во историјата на НБА плејофот кој постигнал +25 поени на 20 или помалку години.

МИА