петок, 14. август 2020. Вести денес: 153
home Кошарка

Sвездата на Хјустон Рокетс позитивна за коронавирус

Sвездата на Хјустон Рокетс позитивна за коронавирус

Расел Вестбрук и Џејмс Харден, ѕвездите на Хјустон, оваа недела требаше да им се придружат на своите соиграчи во „Дизни Светот“, но, барем што се однесува до Вестбрук, тоа нема да се случи.

–Дефанзивецот на Хјустон, Расел Вестбрук изјави дека е позитивен за коронавирусот и е во самоизолација, напиша Шамс Шаранија, новинар на Атлетик, на Твитер.

Потоа се обрати и Вестбрук.

–Во моментов се чувствувам добро, јас сум во карантин и со нетрпение очекувам да се вратам на соиграчите кога ќе ми биде одобрено. Ви благодарам за сите ваши желби и постојана поддршка. Ве молам, сфатете го сериозно овој вирус. Внимавајте и носете маски, вели поранешниот играч на Њу Орлеанс.

Коронавирус