петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

Стојановски и Ѓуровски се враќаат дома

Стојановски и Ѓуровски се враќаат дома

Со оглед на тоа дека и официјално ПРО А и ПРО Б лигите ги суспендираа сите наредни активности, а по првата клупска препорака, македонските репрезентативци Војдан Стојановски и Стојан Ѓуровски ја напуштија Франција.

– Се некако се случи набрзина, особено по онаа првична информација дека до следното, остануваме. Во клубот ја сфатија ситуацијата како доста сериозна, па на сила дојде една друга одлука која вели дека сме ослободени од понатамошните обврски, изјави Ѓуровски за веб-страницата на КФСМ.

Стојановски треба во Скопје да пристигне попладнево. Капитенот на македонскиот национален тим не е премногу убеден дека во Франција ќе се игра кошарка оваа пролет.

– Иако првично беше дека треба да останеме, сепак, одлуката на клубот е да ги ослободи сите странци. Да си заминат дома, во оваа криза, да бидеме дома со семејствата, што веројатно е и најдоброто можно решение, ако може да се каже така. Заминувам за Скопје со една голема непозната, што и како со лигата во Франција понатаму, порачува Стојановски.

Коронавирус