вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

Стив Кер го продолжи договорот со Голден стејт

Стив Кер го продолжи договорот со Голден стејт

Тренерот Стив Кер го продолжи договорот со Голден стејт вориорс, соопшти клубот од Оукленд.

Кер го презеде тимот во 2014 година и потпиша петгодишен договор, а оттогаш Вориорс играа четири пати во финалето и освоија три титули.

Поради политиката на клубот од актуелниот шампион не наведуваат за колку години е продолжен новиот договорот, ниту колкава ќе биде заработувачката на тренерот.

Меѓутоа, американските медиуми наведуваат дека Кер ќе стане најплатениот тренер во лигата.

-Задоволни сме што Стив го продолжи договорот и ќе го води нашиот тим уште неколку години, истакна генералниот директор на Вориорс, Боб Мајерс.

Кер заедно со Голден стејт ја освои шампионската титула во НБА лигата во 2015, 2017 и 2018 година.