недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Кошарка

Стеф Кари ќе се врати дури за финалето

Стеф Кари ќе се врати дури за финалето

Кошаркарот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, поради повредата подолго од очекуваното ќе отсуствува од натпреварите.

Кари се повреди на 23 март, па беше јасно дека Голден Стејт нема да може да смета на него за почетокот на плејофот и натпреварите против Сан Антонио Спарс, но беше најавено дека ќе биде подготвен за полуфиналето.

Меѓутоа според последните информации заздравувањето на 30-годишниот кошаркар е побавно од очекувањето и би играл дури во евентуалното финале на Западната конференција.

Тој во следниот перид треба да се појави на контрола, по што ќе се знае точниот период на неговото враќање.

Голден Стејт и без Кари постигна серија од 3:0 против Сан Антонио.