четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Кошарка

Стеф Кари и Леброн Џејмс заедно ќе играат во ЛА Лејкерс?

Стеф Кари и Леброн Џејмс заедно ќе играат во ЛА Лејкерс?

Американскиот новинар Брајан Виндхорст пренесува дека ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс би сакал покрај себе да го има 33-годишниот плејмејкер на Голден Стејт Вориорс Стеф Кари.

Неговиот договор со Голден Стејт завршува во јуни идната година, а моментално двете страни водат преговори околу склучување на нова соработка.

„Викендот на „Ол-стар“ натпреварот стана централно место за играчите да „регрутираат“ други ѕвезди. Стеф би можел да продолжи во Голден Стејт, но не е тајна дека Леброн започна да го регрутира на „Ол-стар“ паузата”, тврди новинарот.

Доколку не пронајде заеднички јазик со Вориорси, Кари ќе биде слободен агент во 2022 година и ќе има можност да ја продолжи кариерата меѓу „езерџиите“.

Коронавирус