сабота, 28. март 2020. Вести денес: 95
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Кошарка

„Ставив јаже околу вратот и сакав да се обесам, а потоа темнината ме повика…“

„Ставив јаже околу вратот и сакав да се обесам, а потоа темнината ме повика…“

Поранешниот НБА-кошаркар, Бен Гордон открива дека еден момент го спасил од самоубиство по кариерата во која настапувал за Чикаго, Детроит, Шарлот и Орландо.

Кошаркарот во најсилната лига во светот играше од 2004/05 до 2014.15 и во текот на најдобрите денови во Чикаго постигнуваше повеќе од 20 поени во просек.

Сепак, тоа престана кога за последен пат излезе од тренинг салата на Орландо, по што почнале психичките проблеми.

„Ја загубив својата кариера, идентитет, семејство… Бев депресивен, не јадев, не спиев. Секоја ноќ се се мачев. А потоа демоните излегуваа надвор. Кога сте будни навечер, тогаш сте во своите најдлабоки мисли и темнината почнува да ви ја презема психата. Во теој момент не се чувствував жив. Се чувствував како да сум дел од подземјето. Размислував само за бегство. Земав столица и јаже кое го ставив околу вратот. Бегство, толку е едноставно… Сепак, во еден момент ме погоди нешто, нешто ми кажа: Бен Гордон, ти имаш намера да умреш, но всушност не сакаш. Сакаш да го убиеш својот страв, сакаш да живееш. Спаси се. Почекај…“, открива Гордон.