сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 63
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ избира кандидат за претседател

home Кошарка

Србите се најуспешните странци во историјата на НБА Ол-стар мечот

Србите се најуспешните странци во историјата на НБА Ол-стар мечот

Звучи неверојатно но статистиката е прецизна, Србија имала најмногу кошаркари на „ол-стар“ мечевите од земјите од Европа.

Оваа година, сепак, од 24 кошаркари на Ол-стар мечот во Шарлот има дури пет странци, односно 21%.Меѓу нив и тројца дебитанти – Србинот Никола Јокиќ, Црногорецот Никола Вучевиќ и Австралиецот Бен Симонс.

Интересно, со вметнувањето на Јокиќ на годинашниот Ол-стар меч, Србија стана земја со најмногу Ол-стар кошаркари, не сметајќи ја САД секако.

Пред Јокиќ, Србија имаше уште два ол-стар кошаркари, Владе Дивац и Предраг Стојаковиќ, кои тогаш беа кошаркари на Сакраменто. Дивац единствениот настап го имаше во 2001 година, а потоа Стојаковиќ го замени во следните три изданија, во 2002, 2003 и 2004 година.