Српскиот кошаркарски репрезентативец, Богдан Богдановиќ, најверојатно се наоѓа пред долг период на опоравување, по сериозната повреда добиена кон средината на втората четвртино во синоќешната пресметка на неговата Атланта хокс против Шарлот хорнетс (105-113), пишува Спорт1.мк
На поранешниот соиграч на нашиот Перо Антиќ во Фенербахче прво му настрада скочниот зглоб и тоа на бизарен начин, откако сам се сопна при промена на правец додека ја водеше топката, а според американските медиуми работата ја влошува фактот што го повредил и коленото.
Bogdan Bogdanovic left the game for the Hawks with a knee injury, per the team.
Here’s a look at the very awkward looking injury 😳pic.twitter.com/eMULJUxUKT
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) January 10, 2021
Засега нема детали околу тежината на повредата, но сигурно е дека Богдановиќ извесен период ќе биде надвор од теренот.
Извор: Спорт1