среда, 4. август 2021. Вести денес: 69
home Кошарка

Србија е нов европски шампион!

Србија е нов европски шампион!

Женската кошаркарска репрезентација на Србија по втор пат ја освои титулата на континенталните шампионати.

Во вечерашното финале, во Валенсија, Србинките ја совладаа Франција со 63-54 и го повторија успехот од 2015 година, кога против истиот ривал дојдоа до својата прва круна.

Ивон Андерсон со 18 поени беше најефикасна на натпреварот, а Јелена Брукс додаде 15. Исто толку реализира и Валериен Вукосављевиќ во француската репрезентација.

Коронавирус