вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Кошарка

Србија без Никола Јокиќ на ОИ во Токио

Србија без Никола Јокиќ на ОИ во Токио

Кошаркарската репрезентација на Србија нема да може да смета на услугите на МВП кошаркарот во  НБА лигата, Никола Јокиќ за квалификацискиот турнир и самите Олимписки игри, доолку „орлите“ се пласираат на големото натпреварување.

Центарот на Денвер ги одигра сите 72 натпревари во регуларниот дел од лигата, а го предводеше својот тим и до четвртфиналето од разигрувањето, но беше запрен од страната на Феникс.

„На моја голем жалост, ова е момент кога морам да соопштам дека и покрај огромната желба, не сум во можност да настапам за репрезентацијата. Едноставно, состојбата на моето тело бара подолго отсуство од теренот за рехабилитација. Тоа е став и сугестија на клубот и една неминовност која морам да ја прифатам. Убеден сум дека момците можат и без мене бидејќи имаат квалитет кој на сите ќе ни донесе радост“, изјави Јокиќ.

Коронавирус