вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Кошарка

СП во Кина: САД си одат дома со 7. место во светот

СП во Кина: САД си одат дома со 7. место во светот

Репрезентацијата на САД не дозволи изненадување против Полска и победи со 87:74 (28:14, 19:16, 16:25, 24:19) во мечот за седмото место на Мундијалот во Кина.

Тоа беше последниот натпревар на турнирот и за двата тима, со тоа што Американците во финалниот пласман завршија на позицијата бр.7, додека Полјаците го зазедоа осмото место.

Петмина играчи на САД завршија со двоцифрен број поени – Донован Мичел имаше „дабл-дабл учинок – 16 поени и 10 асистенции, Џо Харис додаде 14 поени, Крис Мидлтон забележа 13 поени, 6 скока и 6 асистенции, Дерик Вајт, кој започна како стартер, додаде 12 поени и 7 асистенции, додека Харисон Барнс постигна 10 поени за успехот на Американците.

Матеуш Понитка беше најефикасен со 18 поени и 7 скока за полскиот состав. Адам Вачински го заврши натпреварот со 17 поени, а Еј Џеј Слотер додаде 15 поени и 5 асистенции.