среда, 8. јули 2020. Вести денес: 86
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Кошарка

Со седмиот последователен пораз продолжи црната серија на Голден стејт

Со седмиот последователен пораз продолжи црната серија на Голден стејт

Шампионот во НБА лигата од пред две години, тимот на Голден стејт вориорс, ноќеска загуби на гостувањето кај Њу Орлеанс и го забележа седмиот пораз во низа.

За „воините“ ова беше вкупно 12 пораз оваа сезона на 14 одиграни натпревари по што се екипа со убедливо најслаб биланс во лигата.

Резултати на натпреварите одиграни ноќта меѓу недела и понеделник:
Мемфис – Денвер 114:131
Орландо – Вашингтон 125:121
Њу Орлеанс – Голден стејт 108:100
Лос Анџелес лејкерс – Атланта 122:101.

Во поредокот на Западната конференција води ЛА лејкерс со биланс 11-2 победи-порази, пред Хјусто со 10-3 и Денвер со 9-3.

На Исток лидер е Бостон со 10-2, пред Милвоки и Мајами со ефект 9-3. (МИА)

Парламентарни избори 2020